Подобро Никогаш да не Беше Роден

Тешко на тој човек, преку кого Синот Човечки е предаден. Би било подобро за тој човек да не беше роден. – Марк 14:21 Дозволете ми да го направам ова многу лично према сите тука: Ако не се покаеш од твојот грев, . Ако не се откажеш од себе си, Ако не земеш крст, ако не станеш следбеник на Исус Христос, Ќе беше подобро за тебе никогаш да не се родеше. Затоа што еднаш штом умреш, ќе се соочиш со Пресудата и ќе биде осуден и ќе бидеш испратен во пеколот засекогаш. Ако не веруваш во Исуса Христа, ако не трчаш во Неговите раце на милост и благодат. Ако не го признаеш твојот грев и не добиеш од Него прошка на твојот грев. Исус ти вели, “Ќе биде подобро за тебе, никогаш да не беше роден.” Бидејќи она што те чека од другата страна на смртта е толку страшно, . е толку одбивно, е толку ужасно, Ќе беше подобро ако Бог никогаш не те создал, отколку да живееш и да го предадеш Синот Божји. Сите ние овде, во оваа соба денес имаме познавање на Евангелието и имаме познавање на вистината и познавање на Господ Исус Христос. И за нас да го имаме тоа знаење и блискост со вистината и да имаме можност со Христа и да имаме пристап до Него преку вистината . и да не се покаеме за нашите гревови и да не ја пребараме душата и да кажеме: “Господи, дали сум јас?” и да умреш како што Јуда умрел, надвор од Христа, Ќе беше подобро за тебе никогаш да не беше роден затоа тоа што те чека е пламенот на пеколот засекогаш …

Но, како Господ сака да гo покрие гревот? Како Господ сака да дојде до Пресуда? Како Господ сака да го стави своето помилување на некоја душа? ) И како Тој сака да е стави сопствената крв во твојот живот? . Ако никогаш не сте верувале во Исуса Христа, јас ве повикувам овој ден да верувате во Христа, и да го предадете својот живот на Него. Некои од нас тука имаат љубени кои се во исто место како Јуда. Имаме ќерки, имаме синови, имаме татковци, ние имаме мајки, имаме најблиски … и многу од нив се религиозни. И многу од нив се како Јуда и имаат голема изложеност на вистината и знаат толку многу но сепак се толку далеку од Исус Христос. Господ да ни даде љубов која Тој Самиот ја покажа кон Јуда. Да одиме и вториот, третиот и четвртиот километар со нив. Да бидеме бавни да ги отпишеме. Да продолжиме да им пружиме љубов милост и благодат према нив додека се уште има време и додека се уште постои можност во овој свет за нив да веруваат во Христа. И колку е тоа за Бога да го спаси, оној, кој што најмалку очекуваме, како Савле од Тарс на патот кон Дамаск. Нека сите извлечеме нешто од примерот на Христа тука и да бидеме трпеливи и да страдаме многу работи, и да бидеме издржливи во долгото страдање како што го прошируваме Евангелието на Исус Христос на оние кои стојат на местото на Јуда, тука на земјата. Никогаш нема да знаеме кој е избран а кој не е, додека не се најдеме на небото и погледнеме наоколу. Но дотогаш, нека ние бидеме оние кои се толку милостив и така трпеливи и така во страдање, дури и како Христа за тие да би можеле да го добијат евангелието што ние го држиме до нив. Да се помолиме.