Борба со Порнографија

Како ќе го советуваш некој ако дојде кај тебе и ти рече… “Паѓам во овој грев на гледање порнографија на интернет.” Како ќе му помогнеш да спознае дали е изгубен и е роб на гревот или е вистински христијанин кој паѓа во грев, спасен, но се бори со овој грев. Тоа е нападен грев. Ова е дури можеби еден млад човек кој што имал скорешено признавање на Господа. и ти се обидуваш да му помогнеш да спознае, дали е спасен или загубен.

Твоето прашање мислам дека е дефинитивно, а тоа е: дали тие живеат во гревот или имаат паднато во него? Да, христијанин паѓа во грев, но не живее во него. Во случај на новото преобратување, треба да олабавиме малку очигледно. Но, главното прашање е, дали се бори против гревот, дали го мрази, дали е загрижен за тоа? Ако тоа е случај, тој е нов христијанин, гледа дека е во грев, сфаќа дека го прави тоа, и е отворен и сака да се ослободи од него. Тогаш го потсетуваш на славното Евангелието, што има тој во Христа, и тоа е товарот на Римјаните 6, како ние кои сме мртви за гревот, да продолжиме во него? Тој не потсетува дека тоа е невозможно, ако си роден одозгора, имаш нова природа, Не си повеќе во Адам, си во Христа, твојот стар грешен човек го нема, ти си нов човек во Христа. И Римјаните 6, нè потикнуваат да бидеме тие кои сме. Не потикнуваат, знаејќи ги овие работи, да го оставиме настрана стариот човек и да се облечете во новиот човек.

Но сфати дека да се забавуваш со гревот е лицемерно, тоа не ни одговара, и не успева за нас повеќе, никогаш нема да не задоволи. Знаејќи ги тие нешта во Римјаните глава 6, стануваме кои сме. Друга работа во Римјаните 8 глава е, ако преку Духот ги умртвувате делата на телото ќе живеете, ако преку Духот, не можеме да го направиме со своја сила.

Само предај се на Бога, биди исполнет со Духот, кога плимата е висока, не си фатен во карпите. така да биди исполнет со Светиот Дух, оди со Бога Исполни се себе си со Господа, и фрли се во неговата работа и бизнис, унапредување на Неговото царство. Овие работи индиректно ќе паднат. Голем дел од начинот на победата над гревот е индиректна, не го адресираш тоа толку многу директно . но само си заземен со работите на Бога и Неговата слава.

Ако преку Духот ги умртвувате. Понекогаш тоа не адресира на тој начин, Петар вели “Остави го настрана, стави го надвор.” Овa се изрази од Новиот Завет, така да треба да станеш суров према тоа. Стани грд, стани очаен. Многу пати мислам дека неуспехот да се добие победа над гревот е недостаток на очај, недостаток на искреност. Еве пример татко ми, тој не беше обновен, тој не беше воопшто христијанин , никогаш не тврдеше дека е Во текот на годините ќе се обидеше да се откажи од цигарите, и ќе ги оставеше за некое време, но ќе почнеше да пуши повторно. Конечно, кога имаше 70, виде како неговиот внук, мојот син, седи на масата во кујната, подигајќи чепкалка, имитирајќи го неговиот дедо како пуши цигара. Кога татко ми го виде тоа, помисли во себе си “Јас нема да бидам таков вид на пример на мојот внук.” Не сакам да го видам него да пуши, И вака, татко ми се откажа од пушењето, и не беше дури ни роден одозгора. Некако е жалосно за некој кој тврди дека е христијанин да експериментира така. Тој не е очаен доволно.